Компанијата Lenovo го најави својот прв 16-инчен гејминг лаптоп – Lenovo Legion 9i покренат од 13-та генерација на Intel Core i9 процесори
Гејминг лаптопот Lenovo Legion 9i ќе биде новиот водечки уред на компанијата и нејзин прв со екран со дијагонала од 16 инчи и интегриран систем за течно ладење. Компанијата го најави уредот на годинешниот саем IFA 2023 во Берлин, а потпретседателот на компанијата Јун Оујанг рече дека ќе има хардверски подесени чипови со вештачка интелигенција.
Лаптопот ќе го покренува процесор Intel Core i9 од 13-та генерација и најверојатно ќе биде опремен со Nvidia GeForce RTX 4090 графичка картичка. Кога станува збор за RAM меморијата, таа ќе биде или 64 GB оверклокувана 5600 Mhz двоканална DDR5 или 32 GB оверклокувана 6400 Mhz двоканална DDR5.
Lenovo го опишува својот систем за течно ладење како прв од ваков вид за лаптоп од шеснаесет инчи. Системот е поставен да го отфрли GPU VRAM-от, овозможувајќи му да управува со топлината во екстремни игри. Toj sе вклучува кога графичкиот процесор ќе достигне температура од 84 степени целзиусови.
Овој режим на ладење ќе работи во тандем со системot за воздушно ладење подесен со вештачка интелигенција со три ладилници. Кога станува збор за вештачката интелигенција, чипот Lenovo LA-2 AI ги синхронизира и RGB лентите околу тастатурата и на другите делови од лаптопот.
Екранот на Lenovo Legion 9i е Lenovo PureSight 3.2K Mini LED со сооднос 16:10 со променлива стапка на освежување од 165 Hz. Лаптопот ќе може да смести до 2 терабајти SSD меморија за складирање податоци.
Интересна работа за претставувањето на овој уред е тоа што компанијата не објави посебни Pro и Slim модели, како што тоа го прави за компјутерите од пониска класа, бидејќи тврди дека овој лаптоп ја исполнува намената на двете варијанти.