Honor во текот на својата презентација на саемот IFA 2023 во Берлин претстави концепт на паметен телефон кој е доста интересен и иновативен.
Станува збор за смартфонот на преклопување Honor V Purse, кој се носи како женска чанта. Паметниот телефон има дури и стилски и заменливи ремени и синџири. Ова засега е само концепт, но проектот има некои елементи од реалниот свет кои наскоро ќе станат реалност.
Изгледот не треба да ве измами, бидејќи станува збор за многу напреден уред. Телефонот е дебел само 9 милиметри кога е преклопен и е потенок од моделот Magic V2.
Honor V Purse комбинира физички дизајни (ремени) со живи интерактивни стилови на Always On Display, создадени од врвниот талент, директорот за дизајн на машка облека на Burberry, Брам Ван Дипен, современата уметница Јунуен Еспарза, декан на Меѓународниот колеџ на Кинеската академија на уметности „Јуан Јоумин“ и интердисциплинарната уметничка Шиао Хуи Ван.
Целта е со заменливи ремени и синџири и различни AOD дизајни видливи на двете страни на телефонот изгледот на Honor V Purse да може да се прилагоди на секоја облека.
Смартфонот е направен од одржливи материјали, вклучувајќи веганска кожа за ремените. Целта на концептот е, исто така, да се поттикне модната индустрија да ги прифати новите технологии „за да се охрабрат потрошувачите да купуваат помалку и да користат подолго“.
Иако станува збор за концепт, Honor ќе отвори платформа за AOD дизајни, така што програмерите и дизајнерите ширум светот можат да креираат различни дизајни. Нема детали за паметниот телефон освен дека неговата шарка може да издржи 400.000 циклуси на преклопување.