По околу шест месеци на Меѓународната вселенска станица (МВС), двајца Американци, еден Русин и еден астронаут од Обединетите Арапски Емирати безбедно се вратија на Земјата, соопшти рано денеска НАСА.
Crew-6 на вселенското летало Crew Dragon на Space X слета на брегот на Флорида околу 17 часа по одвојувањето од Меѓународната вселенска станица. Астронаутите слетаа на Флорида откако ураганот Идалија помина таму.
Тој екипаж, кој ја напушти Земјата во март, го сочинуваат Американците Стивен Боуен и Ворен Хобург, Русинот Андреј Федјајев и Султан Ал Нејади од ОАЕ.
Со заминувањето на четворица астронаути, екипажот на станицата повторно се намали на 7 члена.