Apple со години се споменува за развој на сопствен автомобил, но досега ништо конкретно не се случило на тоа поле.
Она што е сигурно е дека технолошкиот гигант сериозно работи на технологиите кои ќе бидат инсталирани во автомобилите. Сите се запознаени со CarPlay, а наскоро можеби ќе запознаеме и друг производ од Apple.
Станува збор за патент за ветробранско стакло со интегрирани можности на AR технологијата, односно технологија за проширена реалност. Патентот е веќе поднесен во Канцеларијата за патенти на Соединетите држави (USPTO), а се вели дека станува збор за технологија на која Apple работи неколку години, од 2015 година, пренесува The Drive.
Со овој патент, Apple буквално го подобрува класичниот head-up дисплеј, првенствено преку проектирање на информации кои сега се во интеракција со елементите во околината. Најдобар пример за тоа е стрелката од системот за навигација, која се проектира на улица пред возачот.
Системот на Apple користи серија сензори кои собираат податоци од околината. Автомобилот опремен со овој систем би имал дополнителни IR камери, ултразвучни скенери и слична опрема, се со цел да се создаде 3D приказ на околината.
Пример за тоа како функционира овој систем е тоа што, во случај возачот да вози пребрзо, може да проектира пречки „на патот“ кои не постојат во реалниот свет. Системот ќе биде синхронизиран со адаптивната суспензија и ќе симулира поминување преку попречни пречки како лежечки полицајци.
Постојат голем број на можности кои Apple ги замислил за овој систем, а кои наскоро би можеле да ги имаме и кај автомобилите. Дали тоа ќе не направи подобри и побезбедни возачи, само времето ќе покаже.
Извор: Nova.rs