Apple ќе претстави редизајнирана Magic Keyboard за iPad Pro која ќе има поголем тракпад и уште поважно, алуминиумска основа, што значително ќе ја подобри цврстината и користењето на уредот.
Новинарот на Bloomberg, Марк Гурман пред извесно време објави дека Apple подготвува редизајнирана верзија на додатокот за тастатура Magic Keyboard за својата линија таблет компјутери iPad Pro. Според новинте информации за Гурман, новиот додаток во форма на Magic Keyboard нема да биде целосно изработен од алуминиум, туку само делот околу копчињата. Ова ќе го направи овој додаток на таблет компјутерот поцврст и подобар од претходните модели.
Промената на дизајнот ќе донесе тракпад сличен како кај MacBook лаптопите, а поголемата големина значи дека значително ќе ја олесни навигацијата на iPad Pro. Покрај тоа, исто како и кај лаптопите MacBook, Apple би можел да вгради стаклена површина на споменатиот уред, со што искуството ќе боде речиси идентично со она на MacBook компјутерите.
Сепак, Magic Keyboard нема да биде целосно направена од алуминиум, бидејќи Apple сака да ја намали вкупната тежина на уредот. Наместо тоа, се наведува дека областа околу копчињата ќе биде изработена од овој материјал, што го прави овој дел од додатокот поотпорен на абење и оштетувања предизвикани од честа употреба. За жал, колку и да е добар квалитетот на изработката на Magic Keyboard, купувачите најверојатно ќе треба да платат повеќе за да уживаат во неговите придобивки.
Со оглед на тоа што алуминиумот е поскап од полиуретанот, промената на материјалот во комбинација со поновиот дизајн може да биде изговор за Apple да им наплати на клиентите повеќе од 299 долари што моментно ги чини за да се добие додатокот Magic Keyboard од актуелната генерација.
Овој извор не ги посочи дополнителните функции што би можеле да се имплементираат поради поголемата површина на тракпадот, но секако очекуваме дека новиот iPad Pro ќе воведе понови функционалности кои ќе му овозможат слично работно искуство како кај macOS уредите. односно класичните MacBook лаптопи.