Во однос на Galaxy Fold4, Samsung Galaxy Z Fold5 донесе екран кој се преклопува без простор меѓу двата дела, подобар хардвер и подобра заштита на екранот – дали е тоа доволно за нови купувачи?
Текст и фото: Никола Бурагев
Веднаш по светската премиерата на Galaxy Z Fold 5 на Unpacked настанот во Сеул, го тестиравме новиот преклопен смартфон на Samsung, кој веќе почна да добива пофалби за неговата издржливост на бројни тестови каде беше изложен на различни притисоци, за да покаже колку навистина е силен неговиот флексибилен екран.
Да, тоа е главната карактеристика на Galaxy Z Fold 5, флексибилен екран, кој кога целосно ќе се отвори, се претвора во телефон сличен на таблет со дисплеј од 7,6 инчи. Во споредба со неговиот претходник, Z Fold 5 нема некои значителни промени во однос на дизајнот, односно големината на екранот, распоредот на копчињата, USB-C портот, софтверот и поддршката за S Pen се исти. Дури и цената е слична на ланската и без разлика на несомнениот квалитет на телефонот, таа е доста висока.
Она што е променето е начинот на кој е организирана главната камера. Повеќе нема испакнување, иако самите леќи на камерата се малку над рамнината на телефонот. Онаму каде што лежи разликата е пред се во квалитетот на екранот и тоа е многу лесно видливо. Како прво, главниот екран е многу подобар, појасен и посветол при силна дневна светлина, а камерите имаат поддршка од помоќен софтвер и вештачка интелигенција, што значи дека фотографиите се значително подобри. Покрај тоа, системот на шарки на новиот телефон го менува впечатокот за употреба. Главната разлика е кога смартфонот ќе се преклопи повеќе нема „простор“ помеѓу двете половини на екранот, па уредот е значително потенок (2.4 милиметри) и поудобен за користење.
Но, кога ќе го отворите Galaxy Z Fold 5 се гледа зошто и натаму е пред конкуренцијата, дури и ако годинашниот модел не претставува пресврт во развојот на флексибилните мобилни уреди. Мултитаскингот на овој уред е врвен и функционира беспрекорно, а Samsung има совршени софтверски решение да ги завршите апсолутно сите задачи како да седите со најбрзиот десктоп компјутер.
Таскбарот е унапреден, поради што брзото префрлање помеѓу често користените апликации е уште поедноставно. За поефикасна работа сега се достапни до четири последно користени апликации, а содржините лесно може да се префрлуваат од една на друга со повлекување со прстот – drag and drop. Или, на пример, моете да отворите три апликации по желба и да работите истовремено си нив, а потоа да ја сочувате таквата комбинација, за да стартувате со еден клик. Исто така, апликацијата преку скриениот pop-up може да продолжи да работи во позадина.
И покрај интензивното користење со мултитаскинг, како и користењето на големиот екран, батеријата нема да претставува проблем. Без размислување, ќе ви трае цел ден, а со поумерена употреба може навечер да останате и на 30% капацитет.
Во однос на камерите, Galaxy Z Fold 5 има пристојна хардверска поставка – 50MP главна камера, 10MP 3x телефото и 12MP ултраширокоаголна камера. Одвнатре е сместена е и 4MP камера која може да се користи за видеио повици. Боите се доста живи, а портрет режимот е одличен и впечатлив. Нема некој помоќен зум, но ни тоа не е некој преголем проблем. За видео снимање, Samsung обезбедува квалитет на снимки во 8К резолуција. Камерите се чекор зад оние кај Galaxy S23 Ultra, кој е и значително поевтин. Но, повторно потсетување, Galaxy Z Fold 5 е направен за многу повеќе од само фотографирање.
Samsung Galaxy Z Fold5 е достапен за купување во Македонија по препорачана малопродажна цена од 113.999 денари, а може да се најде ледено сина, фантомска црна и крем боја, заедно со разновидни футроли кои нудат практичност и стил, вклучително и тенка футрола за S пенкало, Clear Gadget Case, Eco-Coer case и стоечка футрола со ремен.
За да дознаете повеќе за Galaxy Z Flip5 и Galaxy Z Fold5, посетете ја страницата https://www.samsung.com/mk/smartphones/galaxy-z/.
ТЕХНИЧКИ СПЕЦИФИКАЦИИ
Galaxy Z Fold5 | ||
Екран | Главен Екран | 7.6-inch QXGA+*Dynamic AMOLED 2X
Infinity Flex Екран (2176 x 1812, 21.6:18), 374ppi 120 Hz адаптивна стапка на освежување (1~120 Hz) |
* Мерено дијагонално, големината на главниот екран на Galaxy Z Fold5 е 7,6 инчи во правоаголник и 7,4 инчи за заоблените агли; вистинската површина за гледање е помала поради заоблените агли. | ||
Надворешен Екран | 6.2-inch HD+Dynamic AMOLED 2X Екран
(2316 x 904, 23.1:9), 402 ppi 120 Hz адаптивна стапка на освежување (48~120 Hz) |
|
* Мерено дијагонално, големината на насловниот екран на Galaxy Z Fold5 е 6,2 инчи во правоаголник и 6,1 инчи што ги опфаќа заоблените агли. Вистинската површина за гледање е помала поради заоблените агли и дупката на камерата. | ||
Димензии & Тежина | Преклопен | 67.1 x 154.9 x 13.4 mm |
* Дебелината на Galaxy Z Fold 5 кога е преклопен мерена од врвот до дното на екранот на Galaxy Z Fold 5 | ||
Отворен | 129.9x 154.9 x 6.1 mm | |
* Дебелината на Galaxy Z Fold5 кога се расклопува не ја вклучува рамката на главниот екран. | ||
Тежина | 253 g | |
Камера | Надворешна камера | 10 MP Селфи камераF2.2, Големина на пиксели: 1.22μm, FOV: 85˚ |
Камера под дисплеј | 4 MP Камера под дисплејF1.8, Големина на пиксели: 2.0μm, FOV: 80˚ | |
Задна двојна камера | 12 MP ултраширока камераF2.2, Големина на пиксели: 1.12μm, FOV: 123˚ | |
Задна тројна камера | 12 MP ултраширока камераF2.2, Големина на пиксели: 1.12μm, FOV: 123˚ | |
50 MP широкоаголна камераDual Pixel AF, OIS, F1.8, Големина на пиксели: 1.0μm, FOV: 85˚ | ||
10 MP телефоно камераPDAF, F2.4, OIS, Големина на пиксели: 1.0μm, FOV: 36˚, 3X оптички зум | ||
*30x Space Zoom вклучува 3x оптички зум и 30x дигитален зум со технологија за супер резолуција на AI. Зумирањето во минатото 3x може да предизвика одредено влошување на сликата | ||
AP | Snapdragon® 8 Gen 2 мобилна платформа за Galaxy | |
* Snapdragon е производ на Qualcomm Technologies, Inc. и/или нејзините подружници. Snapdragon е заштитен знак или регистриран заштитен знак на Qualcomm Incorporated. | ||
Меморија | 12 GB Меморија со 1 TB внатрешна меморија12 GB Меморија со 512 GB внатрешна меморија
12 GB Меморија со 256 GB внатрешна меморија |
|
* Достапноста може да се разликува по пазар или канал. Вистинскиот простор за складирање може да варира во зависност од пазарот, моделот, големината и форматот на датотеката. | ||
Батерија | 4,400 mAh (типична) двојна батерија | |
* Типична вредност тестирана во лабораториски услови од трета страна. Типична вредност е проценетата просечна вредност со оглед на отстапувањето во капацитетот на батеријата меѓу примероците на батерии тестирани според стандардот IEC 61960. Номиналниот капацитет е 4270 mAh за Galaxy Z Fold5. Вистинскиот век на батеријата може да варира во зависност од мрежното опкружување, шемите на користење и други фактори. | ||
Полнење | Жичано полнење*: Полнење до 50% за околу 30 минути со адаптер 25W** и 3A USB-C кабел***Брзо безжично полнење 2.0****
Безжичен PowerShare***** |
|
*Жично полнење компатибилно со QC2.0 и AFC. Резултати од внатрешните лабораториски тестови на Samsung, спроведени со адаптер за патување 25W додека има преостаната енергија од 0%, со исклучени услуги, функции и екран. Вистинската брзина на полнење може да варира во зависност од вистинската употреба, условите за полнење и други фактори.** Адаптер за напојување 25W се продава посебно. Користете само полначи и кабли одобрени од Samsung.
***Безжично полнење компатибилно со WPC. ****Безжичната PowerShare е ограничена на Samsung или други брендови на паметни телефони со безжично полнење WPC Qi, како што се Galaxy Z Fold5, Z Flip5, Galaxy Z Fold4, Z Flip4, серија S22, Z Fold3 5G, Z Flip3 5G, S21 FE 5G, S21 серија, Z Fold2, Note2, серија Z, серии S, серии Note20, серии S. , серија S7, серија S6, Note9, Note8, Note FE, Note5 и уреди за носење како што се Galaxy Buds2 Pro, Buds2, Buds Pro, Buds Live, Watch6, Watch6 Classic, Watch5, Watch5 Pro, Watch4, Watch4 Classic, Watch3, Watch Active2, Watch Active, Gear Sport, Gear S3, Galaxy Watch и Galaxy Buds. Може да не работи со одредени додатоци, капаци или уреди од друга марка. Може да влијае на приемот на повици или на податочните услуги, во зависност од вашата мрежна околина. |
||
Водоотпорност | IPX8 | |
* Врз основа на условите за лабораториски тестови за потопување во до 1,5 метри слатка вода до 30 минути. Не се препорачува за употреба на плажа или базен. Исплакнете ги/исушете ги ако се влажни. Водоотпорноста на уредот не е постојана и може да се намали со текот на времето поради нормалното абење и кинење. | ||
OS | ||
Мрежа и Конективност | 5G*, LTE**, Wi-Fi 6E***, Bluetooth® v5.3 | |
*Потребна е оптимална 5G мрежна врска, достапна на одредени пазари. Проверете кај вашиот оператор за достапност и детали. Брзините на преземање и стриминг може да се разликуваат врз основа на давателот на содржина, врската со серверот и други фактори.**Достапноста на LTE моделот варира во зависност од пазарот и операторот. Вистинската брзина може да варира во зависност од пазарот, операторот и корисничкото опкружување.
***Достапноста на мрежата Wi-Fi 6E може да варира во зависност од пазарот, мрежниот добавувач и корисничкото опкружување. Потребна е оптимална врска. Ќе биде потребен рутер Wi-Fi 6E. |
||
Сензори | Aкцелерометар, Барометар, Сензор за отпечатоци, Гиро сензор, Геомагнетски Сензор, Hall Сензор, Сензор за светло, Сензор за близина | |
Безбедност | Samsung Knox со Samsung Knox Vault | |
SIM Картичка | До две Nano SIM* и една eSIM** | |
*SIM-картичката се продава посебно. Достапноста може да варира во зависност од пазарот и операторот.**Достапноста на eSIM може да варира во зависност од верзијата на софтверот, регионот и операторот. Проверете кај вашиот оператор дали вашиот план за мобилна мрежа поддржува eSIM. | ||
Бои | Ледено сина, Фантомска црна, Крем* | |
* Достапноста на боја може да варира во зависност од пазарот, регионот или операторот. |