Општиот скок на цените што се јавува како резултат на повисока инфлација речиси сигурно ќе се одрази на послабата продажба на престојните iPhone 15 Pro уреди и помалата побарувачка од планираната
iPhone 15 Pro моделите ќе бидат претставени со доста подобрени функции кои вклучуваат нова рамка од титаниум, помали рамки околу дисплејот и подобар хардвер на камерата. Претходно беше објавено дека Apple ќе се обиде да ја зголеми цената на своите стандардни, како и Pro моделите од iPhone линијата оваа година. Најновиот извештај кој пристигнува денес од традиционално добро информираниот DigiTimes уште еднаш укажува дека „големото зголемување на цената“ е неизбежно само за iPhone 15 Pro и iPhone 15 Pro Max.
Зголемувањето на цената на iPhone 15 Pro може да ја загрози побарувачката за овие уреди. Apple ќе го оправда поскапувањето со тоа што нуди многу нови и подобрени функции. Претходно беше објавено дека не само Pro моделите, туку и стандардните iPhone 15 и iPhone 15 Plus исто така ќе имаат повисока цена. Меѓутоа, бидејќи побарувачката за стандардните модели и онака е слаба, претпоставката е дека компанијата би можела да ги понуди уредите по иста цена.
Што се однесува до iPhone 15 Pro, постојат различни причини зошто може да има зголемување на цената. Претходно објавивме дека Apple се очекува да користи специјална легура на титаниум кај новите моделите, со што уредите ќе бидат полесни од сегашните модели од нерѓосувачки челик. Дополнително, се очекува iPhone 15 Pro Max да има телефото перископ леќа што може да доведе до дополнителни трошоци во споредба со камерите кај iPhone 14 Pro Max. Дополнително, тука е и помодерниот и побрз Apple A17 Bionic чип базиран на TSMC 3nm технологија, што ќе придонесе за зголемување на цената на iPhone 15 Pro моделите.
Од друга страна, зголемувањето на цената може да ги принуди корисниците да се држат до своите постари модели на iPhone во услови на тековната инфлација. Корисниците повеќе би сакале да заштедат пари, наместо да купуваат уреди кои брзо губат вредност. Apple веќе ја проектира побарувачката и нарача речиси 10 милиони уреди помалку од претходната генерација на iPhone. Поточно, во опсег од 80 до 90 милиони примероци во однос на 90 до 100 милиони iPhone 14 уреди.
Доколку се остварат претпоставките, iPhone 15 Pro Max би започнал од 1.199 долари во споредба со цената од 1.099 долари на iPhone 14 Pro Max. Имајте предвид дека Apple ќе понуди побрз процесор, подобар хардвер на камерата, посилна и полесна конструкција и зголемена основна меморија на почетниот модел од 256GB. Со сите овие подобрувања, зголемувањето на цените е донекаде оправдано, но среде инфлаторна криза, можеби не е добра одлука во овој момент.
Доколку побарувачката падне под планираното ниво на Apple, тоа би можело да му наштети на профитот на компанијата. Apple се очекува да ги објави новите уреди од iPhone 15 серијата на веќе закажаниот настан Wonderlust на 12 септември.