Оваа година, се чини дека Apple ќе ги објави новите верзии на своите оперативни системи за iPhone и iPad во исто време. Ова ќе биде промена во однос на минатата година кога iPadOS 16 пристигна подоцна од iOS 16.
Информацијата доаѓа од новинарот на Bloomberg, Марк Гурман, кој исто така сподели податоци од неговите извори дека најновите бета верзии на двата оперативни системи можеби се речиси идентични со конечните.
Потсетуваме дека минатата година Apple го објави iPadOS 16 на 24 октомври, што беше повеќе од еден месец подоцна од јавното деби на iOS 16. Одложувањето беше неопходно за да се финализира функцијата Stage Manager за таблет уредите
Инаку, Apple треба да ги лансира iOS 17 и iPadOS 17 неколку дена по објавувањето на iPhone 15 серијата на 12 септември.