Новите податоци од Јужна Кореја сугерираат дека Meta соработува со LG за наследник на VR уредот Quest Pro, што се очекува во 2025 година.
Новиот премиум хедсет може да се вика Meta Quest 4 Pro и да биде значително поскап од Quest Pro, кој дебитираше по цена од 1.499 долари, а потоа беше намален на 999 долари. Би требало да биде позициониран како конкурент на Apple Vision Pro.
Другуте интересни податоци сугерираат дека Meta следната година ќе издаде и евтин Quest уред под 200 долари. За споредба, Quest 2 чини 299 долари, а Quest 3 ќе чини 499 долари.
Останува да се види како ќе се одвиваат плановите на Meta, но се чини дека компанијата ќе продолжи со напорите да биде меѓу водечките играчи во областа и хардверот за мета универзумот.