Извештајот Crypto Wealth на компанијата Henley & Partners потврди дека концентрацијата на богатството во крипто-светот е многу висока, со мал број многу богати инвеститори
Компанијата Henley & Partners, која е специјализирана за консултантски услуги за добивање државјанство, го објави својот прв Crypto Wealth Report – извештај за богатството на луѓето кои тргуваат со криптовалути. Според собраните податоци, во моментов има околу 425 милиони луѓе во светот, за кои може да се каже дека се корисници на криптовалути. Од нив, речиси половина (210 милиони) тргуваат со биткоин.
На овој пазар има вкупно 88.200 милионери, од кои 40.500 го собрале својот милион или повеќе во биткоин. Има 182 лица со крипто-средства во вредност од најмалку 100 милиони долари, од кои 78 го имаат тоа богатство во биткоини
Бројот на милијардери е уште помал – само 22 инвеститори во криптовалути во светот можат да се најдат со вредност на имот од една милијарда долари или повеќе. Само во однос на еквивалентите на биткоин, моментно има само шест „BTC милијардери“ низ светот.
Истата компанија редовно го одржува и Crypto Adoption Index. Ова е листа на најдобрите земји во кои треба да се преселите, ако имате огромно крипто-богатство и сакате да бидете регулаторно заштитени, даночно добро третирани и генерално да имате намера да живеете таму каде што криптовалутите станаа дел од секојдневниот живот. На листата води Сингапур, а потоа следат Швајцарија, Обединетите Арапски Емирати, Хонг Конг и САД. Од нашиот регион меѓу водечките се пласираше само Црна Гора и тоа на 25. место.