Компанијата Xiaomi има намера да го „забрза“ претставувањето на Xiaomi 14 серијата смартфони, па наместо во декември ќе биде одржано на почетокот на ноември.
Извештаите што се појавија на кинеската мрежа Weibo велат дека серијата Xiaomi 14 ќе ја види светлината на денот пред 11 ноември.
Xiaomi 13 и 13 Pro беа претставени на 14 декември, а според упатени извори, токму популарноста на овие мобилни телефони ги „мотивирала“ челниците на компанијата да ги претстават Xiaomi 14 уредите порано од првично планираното. Уредите од серијата Xiaomi 13 ги постигнаа своите цели за продажба за само девет месеци.
Познато е дека процесорот Snapdragon 8 Gen 3 на Qualcomm ќе биде официјално претставен на 24 октомври, што би можело да значи дека први ќе го добијат смартфоноте од Xiaomi 14 серијата .
Во однос на спецификациите, новите телефони најверојатно ќе имаат поголем сензор за главната камера, односно 50 MP (1/1,28″).
Моделот Xiaomi 14 ќе се напојува со батерија со капацитет од 4.860 mAh со поддршка за 90W жично и 50W безжично полнење, додека Xiaomi 14 Pro ќе има батерија со капацитет од 5.000 mAh, која ќе поддржува 120W жично и 50W безжично полнење.