Следната генерација на целосно безжични слушалки на Samsung нема да бидат Galaxy Buds3, туку пред крајот на годината би можеле да ги видиме Galaxy Buds FE. Слушалките може да дебитираат заедно со очекуваните Galaxy S23 FE и Galaxy Tab S9 FE модели.
GalaxyClub откри информации за овој модел на слушалки, кој го има кодот на производ SM-R400N. Доаѓаат со куќиште идентично на она на Galaxy Buds2 и Buds2 Pro, со полирана завршница. Самите слушалки, сепак, се чини дека имаат ремени како Galaxy Buds и Galaxy Buds+.
Присутни се два микрофони по слушалка и сензор за откривање дали ги носите. Тие ќе имаат неколку големини на силиконски врвови, S/M и M/L, а Може да има и одредено ниво на водоотпорност. Моделот е веќе објавен на страницата за поддршка на Samsung.