Американската компанија Spike објави дека прифаќа резервации за својот суперсоничен бизнис авион вреден 100 милиони долари.
Ретки се најавите за почеток на примање резервации, а уште поретки кога се работи за суперсонични авиони. Spike вели дека испораките се ограничени и се засноваат на датумот на депонирање.
Сонот на човештвото да лета побрзо од звукот преку океанот заврши во 2003 година кога легендарниот Конкорд го направи својот последен лет, а сега бројни стартапи работат тој сон повторно да стане реалност.
Компанијата Boom Supersonic, која многу ветуваше наиде на проблеми што предизвикаа сомнежи дека неговиот авион воопшто ќе полета, но сега Spike злезе со сопствена најава, што ги зголеми надежите во суперсоничниот лет.
Spike Aerospace го нарече својот суперсоничен авион С-512, дизајниран да превезува 12 до 18 патници, а претставува комбинација од брзо патување и висок луксуз. Илустрациите на авионот јасно покажуваат дека тој е наменет за ултрабогатите патници кои брзаат кон своите дестинации.
Spike ветува дека С-512 ќе може да лета со брзина од 1,6 мах. Не е откриено многу за технологијата што го овозможува ова, но веб-страницата го наведува дизајнот на кабината без прозорци како нејзин најголем придонес за „тивките“ летови. Компанијата е сигурна дека нивниот авион нема да прави бучава кога ќе достигне брзина поголема од брзината на звукот, па со овие брзини ќе може да лета и над копно.
Ако клаустрофобијата е проблем, Spike има решение, а тоа се екраните со висока резолуција кои се дел од забавата за време на летот. Овие екрани се контролираат преку паметни уреди или тракпади на секое седиште, а исто така може да го прикажат екранот на мобилниот телефон или таблетот, содржината на барање или да понудат поглед на надворешниот свет под агол до 360 степени.
Летот со Spike Aerospace меѓу Њујорк и Лондон би траел околу три часа, а со домет од 6.200 наутички милји, С-512 би можел да стигне од Њујорк до Дубаи без запирање.