BMW, Ford и Honda најавија дека ќе воспостават платформа во Северна Америка која ќе ги поврзе автомобилските компании со енергетските компании и возачите на електрични возила и ќе овозможи управување со услугите за полнење и споделување на електрична енергија.
Триото ќе ја основа заедничката компанија, ChargeScape, која, како што се наведува, ќе им биде од корист и на возачите на електрични возила и за енергетската индустрија во САД и Канада со отклучување на сосема нова вредност што електричните возила можат да ја донесат во електричната мрежа.
„Финансиска корист за возачите на електрични возила ќе донесува управување со услугите за полнење и споделување енергија“, објаснуваат оттаму.
„Доверливоста и одржливоста на електричната мрежа е основата на иднината на електричниот погон“, нагласи Томас Руменап, потпретседател за инженерство во северноамериканската филијала на BMW.
ChargeScape планира да го забрза процесот на ширење решенија за паметно полнење и комуникација на возилата со животната средина низ целата земја, со паралелно поголеми придобивки за корисниците, поддржувајќи ја стабилноста на мрежата и помагајќи да се максимизира потрошувачката на обновлива енергија, додаде Ruemenapp.
Договорот допрва треба да биде одобрен од регулаторот и се очекува компанијата да започне со работа на почетокот на следната година, порачаа од BMW, Ford и Honda.