Huawei има потпишани договори за лиценцирање на патенти со други технолошки и мобилни компании како Oppo и Samsung, а сега договор е постигнат и со Xiaomi.
Откако Huawei Technologies минатиот месец го обнови договорот за лиценцирање на патенти со Ericsson, кинеската компанија денеска најави потпишување сличен договор со друга компанија за мобилни телефони. Според информациите објавени од Ројтерс, Huawei и Xiaomi потпишале глобален договор за вкрстено лиценцирање на патенти, кој меѓу другото вклучува и комуникациски технологии како 5G.
Со истиот договор беше решен и спорот за прекршување на патенти меѓу овие компании, кој трае веќе подолго време. Пред половина година, Huawei поднесе тужба против Xiaomi во Кина за наводно прекршување на четири нивни патенти. Станува збор за патенти поврзани со комуникациски технологии, фотографирање со паметните телефони и технологија за заклучување на екранот. Со овој договор, сега прашањата за лиценцирање стануваат минато, како и тужбите.
Инаку, оваа кинеска компанија лани од тантиеми заработила околу 560 милиони долари, што е повеќе во однос на парите што ги платила за тантиеми во последните две години. Причината за тоа е падот на продажбата на нивните паметни телефони, поради што и сумата што требаше да ја платат на интелектуалната сопственост и носителите на патенти е помала.