Intel ја најави следната генерација на Thunderbolt која ветува значителни подобрувања во брзината и пропусниот опсег на врската
Поради растечките потреби на за пропусност на креаторите на содржини, гејмерите и другите професионалци кои сакаат дисплеи со висока резолуција и визуелни содржини со ниска латенција додека работат со сè поголеми видео и податковни фајлови, Intel го најави Thunderbolt 5 за да обезбеди уште повеќе можности за најпребирливите корисници.
Thunderbolt 5 треба да постигне брзини до 120 Gbps, теоретска поддршка за гејминг мониторите од 540 Hz и моќност на полнење до 240 W, се вели во официјалното соопштение.
Покрај тоа, поддржува и повеќе 8K монитори, три 4K монитори на 144Hz и полнење од најмалку 140W, што го прави идеален за поврзување лаптопи со повеќе дисплеи.
Врз основа на USB4 v2 и DisplayPort 2.1 спецификацијата, Thunderbolt 5 ќе биде компатибилен со претходните верзии на Thunderbolt и USB.
Останува да видиме кои додатоци ќе го поддржуваат Thunderbolt 5. Се чини дека тоа би можеле да бидат доковите, мониторите и дисковите за складирање во текот на 2024 година, наведува The Verge.