Во текот на својата вчерашна презентација, Apple објави дека iOS 17 ќе биде достапен за преземање од 18 септември, а истиот ден ќе дебитира и новиот оперативен систем за таблет уредите на компанијата – iPadOS 17. Потсетуваме дека оперативните системи беа најавен уште во јуни за време на WWDC конференцијата за програмери.
iOS 17 ќе стигне до голем број модели на Apple, а ажурирањето ќе дојде во класичниот Over the air манир за сите телефони кои го поддржуваат, односно од втората генерација на iPhone SE, XR, XS и сите понови модели. Во превод, доколку имате iPhone X или постар модел – нема iOS 17 за вас. iPadOS 17 е компатибилен со моделите на iPad од 6-та генерација, iPad mini од 5-та генерација, третиот iPad Air и вториот iPad Pro 12,9″ и поновите модели.
За што е најинтересно за новата верзија на оперативниот систем можете да се потсетите на следниот линк. Меѓу најважните новитети се функционалностите како NameDrop за испраќање контакт со доближување на вашиот уред до друг iPhone, подобрена корекција на тастатурата, апликацијата Journal за водење дневник, режим на подготвеност итн.