Компанијата Nothing почнува да го објавува трето големо ажурирање за својот Phone (2). Сега компанијата додава нови елементи во графичкиот интерфејс, Glyph Progress итн. Ажурирањето доаѓа и со голем број други поправки и подобрувања.
Меѓу новитетите е додаток за компас, стилизиран да одговара на остатокот од системот. Уредот доаѓа и со Pocket Mode, кој ја запира опцијата за допир кога ќе се открие дека сместен е во џеб.
New Software Update for the @Nothing Phone2 pic.twitter.com/ukHo7BSbJW
— Max Jambor (@MaxJmb) September 9, 2023
Еден од најинтересните новитети, сепак, доаѓа во форма на апликација која може да го користи системот за светлина Glyph. Наречен Glyph Progress, оваа функција ќе го визуелизира напредокот на активностите на одредени апликации, моментно само за Uber и Zomato.
Како што се очекуваше, ажурирањето поправа и некои грешки и вклучува други мали промени, а постепено би требало да стигне до сите корисници со новиот Phone (2).