Првиот пијалок што го направи технологијата на вештачка интелигенција е Coca-Cola Y3000 Zero Sugar.
Станува збор за пијалок во лимитирана серија што се појави на полиците на одредени маркети и според описот на компанијата покажува „каков вкус има иднината“. Пијалокот е создаден со комбинација на „човечка интелигенција и технологија за вештачка интелигенција како израз на она што Coca-Cola верува дека го носи иднината“.
Компанијата побара од обожавателите ширум светот да ги споделат своите размислувања за тоа каков вкус треба да има пијалокот на иднината, а токму тоа и помогна на Coca-Cola да го создаде Y3000 Zero Sugar. Употребата на AI технологија и овозможи на компанијата да развие профили за вкус, но и да дизајнира пакување на производи, лого и натпис.
Секоја лименка од пијалокот Y3000 содржи и QR код, кој по скенирањето им „открива“ на клиентите како ќе изгледа 3000 година. Клиентите можат да пристапат до Coca-Cola Creations Hub, каде што имаат можност да ги филтрираат фотографиите преку Y3000 AI Cam.
„Се надеваме дека Coca-Cola ќе биде релевантна и освежувачка во 3000 година како и денес, така што го истражуваме концептот за можен иден вкус и какви искуства би можел да отклучи еден пијалок од иднината. Намерно ги комбиниравме човечката интелигенција и технологијата на вештачка интелигенција да покажат што Coca-Cola верува дека ќе донесе иднината“, рече Оана Влад, директор за глобална стратегија во The Coca-Cola Company.
P