Google почна да ја пласира ажурираната апликација Pixel Camera на своите паметни телефони, за која е потребен Android 14. Новата верзија вклучува прекинувач за фотографии/видео на долниот дел од екранот, а лево од него има пристап до панелот за поставки што може да се се отвора со повлекување нагоре од дното на визирот.
Малку повисоко е лентата за режими, Action Pan, Long Exposure, Portrait, Photo, Night Sight, Panorama, Photo Sphere, Pan, Blur [Cinematic], Video, Slow Motion и Time Lapse. Добра промена е доведувањето на ноќниот режим покрај главниот.
Има репозиционирање и на областа за пристап до снимената слика што ја менува позицијата со прекинувачот на предната и главната камера. Нема елементи во горниот дел од екранот, што резултира со прилично чист изглед.
Поместувањето на контролите на дното го олеснува и работењето со една рака. Google Camera 9.0.115.561695573.37 бара Android 14 и моментно е достапна за ixel моделите Pшто ја користат бета верзијата на новиот оперативен систем.