Новата ранливост ја имаат сите прелистувачи, а злонамерните корисници веќе почнаа да ја искористуваат. Поради тоа не бидете мрзливи, ажурирајте го вашиот омилен прелистувач
Сериозен безбедносен пропуст е пронајден во libwebp, библиотека со кодови што се користи за прикажување на webp фотографоо што ги користат сите прелистувачи, најпрво објави Stack Diary. Webp е популарен формат за слики што се објавуваат онлајн, но исто така се користи и од апликации кои користат веб-приказ. Токму затоа оваа ранливост може да се користи за да се изврши злонамерен код на уреди што напаѓачите потоа можат да ги искористат.
Ранливоста е означена со CVE-2023-4863 и се смета за многу сериозна. Популарните прелистувачи како Chrome, Edge, Firefox, Opera, Vivaldi и Brave веќе ги објавија своите безбедносни ажурирања. За да бидете сигурни дека ја имате најновата верзија на прелистувачот, одете до Help, па About (име на прелистувачот). Ако ажурирањето е достапно, можете да го извршите или да го рестартирате прелистувачот.
Webp Форматот беше развиен од Google, а неговата популарност брзо се зголеми поради одличната компресија без многу губиток на квалитетот, во споредба со форматите PNG и JPEG.