Една од гласините поврзани со новата iPhone 15 серијабеше поврзана со очекуваното зголемување на системската RAM меморија. Барем тоа е случај со двата Pro модели, според податоците на @aaronp613.
iPhone 15 Pro и iPhone 15 Pro Max имаат по 8GB RAM во споредба со 6 GB во претходната генерација. Се чини дека ова е поврзано и со преминувањето на новиот 3-нанометарски чипсет A17 Pro и треба да доведе до подобрени перформанси кога се извршуваат повеќе апликации во исто време.
Сепак, тоа не е случај со складирањето податоци, бидејќи максималниот капацитет останува на 1TB. Гласините укажуваа на можното додавање на опција од 2TB, но сепак тоа не се случи. iPhone 15 Pro стартува со 128GB, додека основната верзија на iPhone 15 Pro Max има 256GB простор за складирање.
Сепак, има уште една добра вест поврзана со поддршката на iPhone 15 за врзано снимање (tethered shooting) за Mac. На тој начин, има автоматско брзо пренесување на фотографиите во моментот кога се направени, како и пренос на видео директно на надворешен SSD диск.