Perseverance за повеќе од две години – колу што мина на Марс – изврши бројни задачи, а научниците сега откриваат дека со помош на уреди за експерименти и искористување на ресурсите успеал да создаде кислород.
Роверот опремен со уред наречен MOXIE успеал да создаде кислород користејќи јаглерод диоксид за време на престојот на Црвената планета во различни периоди во временски интервал од две години. Иако тоа можеби не изгледа многу во однос на количината, 122 гр кислород е еквивалентно на количината би била доволна за суштество со големина на куче да издржи околу 10 часа на оваа негостољубива планета.
Ова достигнување им дава надеж на научниците, бидејќи на Марс јаглерод диоксидот сочинува 95% од атмосферата. Со негово извлекување и преработка во атоми на кислород во капсулата MOXIE, сè изгледа како да пристигнала иднината. Покрај тоа што може да се користи во производството на кислород за членовите на идните мисии и потенцијалните колонии, уредот може да се користи и за производство на ракетно гориво.
NASA's Perseverance Rover produces oxygen on Mars. pic.twitter.com/lGTvUWIBE0
— Space and Technology (@spacetech94) September 5, 2023
„Горди сме што создадовме револуционерна технологија како MOXIE која може да ги трансформира локалните ресурси во оние што ќе бидат корисни за време на идните истражувачки мисии“, рече Труди Кортес, директор на Дирекцијата за мисијата на вселенската технологија (СТМД) во седиштето на НАСА во Вашингтон. „Со демонстрирање на оваа технологија во реални услови, ние сме чекор поблиску до иднината каде што астронаутите ‘живеат надвор од земјата’ на Црвената планета“.
Сепак, тоа не значи дека мисиите ќе бидат можни веднаш, бидејќи мора да се исполнат многу други услови за навистина остварливи колонии на Месечината или Марс. Еден од нив е надминување на проблемот со екстремниот студ на Црвената планета, или на пример, појава на рак поради бомбардирање со штетни зраци од вселената.