Во Windows постојат вградени кратенки за отворање различни апликации на Microsoft, вклучувајќи ги Word, Excel, PowerPoint, Outlook, LinkedIn и други
Windows има вградени кратенки за отворање на апликациите на Microsoft од Office пакетот, како и LinkedIn. За кои комбинации на копчиња се работи, погледнете во продолжение.
Кратенки за отворање на апликациите на Microsoft
- LinkedIn – CTRL + SHIFT + ALT + WIN + L
- Word – CTRL + SHIFT + ALT + WIN + W
- Excel – CTRL + SHIFT + ALT + WIN + X
- PowerPoint – CTRL + SHIFT + ALT + WIN + P
- Outlook – CTRL + SHIFT + ALT + WIN + O
- Microsoft Teams – CTRL + SHIFT + ALT + WIN + T
- OneDrive – CTRL + SHIFT + ALT + WIN + D
- OneNote – CTRL + SHIFT + ALT + WIN + N
- Yammer – CTRL + SHIFT + ALT + WIN + Y
Во случај да немате инсталирано некои од апликациите што сакате да ги отворите со кратенка, интернет прелистувачот автоматски ќе ја отвори почетната страница на Office каде што можете да ги преземете.