Chromebook компјутерите од 2021 година и понови ќе добиваат автоматски ажурирања во следните десет години, додека постарите модели ќе треба рачно да ги активираат
Google најави нова 10-годишна софтверска поддршка за Chromebook и вети дека ќе ги направи уште поодржливи и со тоа дополнително ќе ги намали трошоците за сопственост.
„Почнувајќи од 2024 година, ако имате Chromebook компјутер објавени од 2021 година наваму, автоматски ќе добивате ажурирања за следните десет години. За урдите објавени пред 2021 година, кои се веќе во употреба, корисниците и ИТ администраторите ќе имаат можност да ги продолжат автоматските ажурирања на наведените 10 години“, објави Google.
За да ги направи поодржливи, Google вели дека активно работи на тоа да им обезбеди на корисниците лесни поправки. Од компанијата наведуваат дека речиси сите потребни делови лесно се наоѓаат преку програмата Chromebook Repair, која е особено корисна за образовните институции кои се повеќе ги користат нивните уреди.
Google објави и дека во наредните месеци ќе објави ажурирања за подобрување на енергетската ефикасност на уредите и ќе имплементира функции кои дополнително треба да го зачуваат животниот век на батеријата. Прочитајте повеќе за тоа во објавата на блогот на Google.