Покрај часовниците од Watch GT 4 серијата, пред неколку дена Huawei го претстави и новото издание на премиум часовникот Watch Ultimate, кој на почетокот на годината успеа да не воодушеви со својот дизајн и изработка. Станува збор за Watch Ultimate Gold Edition, а како што кажува самото име, во неговата конструкција е употребено злато.
Во однос на хардверот, нема значителни промени во однос на верзијата што ја знаеме, иако има мала разлика во спојката на титаниумскиот ремен. Што се однесува до ременот, тој веќе е обложен со црна боја, а деталите во него и во куќиштето се изработени од 18-каратно злато.
Часовникот дефинитивно изгледа многу импресивно и златото дополнително го подобрува премиум позиционирањето на стандардната верзија. Продажбата во Европа ќе започне на 18 октомври, а цената е соодветно висока – 2999 евра.