Apple во својата презентација не го откри капацитетот на батериите на новите iPhone модели, но затоа го објавија кинеските регулатори
Неколку недели пред Apple да ја претстави новата iPhone линија, се шпекулираше дека секој модел ќе има доста поголем капацитет на батеријата. Сепак, за време на претставувањето, Apple не откри ништо за капацитетот на батеријата, па многумина заклучија дека нема ништо од најавената промена.
Сепак, се чини дека гласините беа делумно точни. Имено, неодамна објавените сертификати од кинеските регулатори открија дека секој од iPhone 15 моделите навистина има поголема батерија, а познат е и точниот капацитет, објави GSM Arena.
Според достапните податоци, iPhone 15 ма батерија со капацитет од 3.349 mAh, што е за 70 mAh повеќе од iPhone 14. Од друга страна, батеријата на iPhone 15 Plus има капацитет поголем за 58 mAh во однос на претходниот модел, па сега изнесува 4.383 mAh.
Кога станува збор за iPhone 15 Pro, неговиот капацитет на батерија е 3.274 mAh, што е за 74 mAh поголем од капацитетот на минатогодишниот Pro модел. Најзначајната надградба ја доби iPhone 15 Pro Max, кој сега има батерија со капацитет од 4.422 mAh. Тоа е 99 mAh повеќе во споредба со претходниот Pro Max модел.
Ова значи дека промените се само минорни. Корисниците на новите iPhone уреди речиси сигурно нема да имаат значително подобра автономија поради зголемениот капацитет на батеријата, туку поради поефикасните чипсети. Се за iPhone 15 и iPhone 15 Plus прочитајте тука, а сите новости поврзани со iPhone 15 Pro и iPhone 15 Pro Max погледнете ги на следниот линк.