Една од најдобрите функиции на актуелниот флегшип телефон на Samsung е тоа што нуди 10x оптички зум, а претстојниот Galaxy S24 Ultra може да остане без неа
Познатиот интернет инсајдер Ice Universe напиша, а потоа ја избриша објавата во која се вели дека Samsung Galaxy S24 Ultra нема да има 10x телефото перископ камера. Сепак, тој вчера го повтори своето тврдење и објави дека е загрижен бидејќи компанијата ќе го отстрани 10x оптичкиот зум од телефото камерата на флегшип моделот на претстојната серија, забележува PhoneArena.
Ако оваа информација се покаже како точна, тоа значи дека перископ единицата на новиот телефон ќе има помал опсег на зумирање од сегашниот Galaxy S23 Ultra модел. Сепак, не е сосема јасно дали новиот смартфон воопшто нема да има телефото објектив од типот перископ или едноставно ќе има различни можности за зумирање.
Овој потег секако би бил еден од побизарните во индустријата, имајќи предвид дека перископ камерата е токму една од карактеристиките што му помага на Galaxy S23 Ultra да се истакне на пазарот. Apple го најави својот прв iPhone со оптички зум од 5x, а Samsung би му направил услуга доколку ја отстрани својата перископ камера.
Она што донекаде може да го надомести 10x телефото перископ објективот е телефото камерата со надграден сензор од 50 MP, за која претходно се шпекулираше.
Актуелниот Samsung Galaxy S23 Ultra поседува многу моќем систем на камери со примарен сензор од 200 MP, широкоаголна камера од 12 MP и телефото камера со два IMX754 сензора од 10 MP. Првиот има 3x зум, додека вториот е тип на перископ со 10x оптички зум.
Актуелниот Samsung Galaxy S23 Ultra, инаку телефонот кој ја доби титулата уреднички избор на уредничкиот тим на Benchmark, има многу силен систем на камера со примарен 200 MP, широк агол од 12 MP и телефото камера со две IMX754 од 10 MP. сензори. Првиот има 3x зум, додека вториот е од перископ тип со 10x оптички зум.