Компанијата Meta го менува „системот на идентитет“ на социјалната мрежа Facebook, а тука спаѓа и промена на изгледот на логото.
Сепак, промената не е многу очигледна, освен што сината боја е многу потемна, а буквата F е суптилно изменета.
„Нашата намера беше да создадеме освежен дизајн на логото на Facebook, кој е похрабар, „електричен“ и безвременски. Секое од новите подобрувања води до поголема хармонија низ дизајнот како клучен елемент на идентитетот на апликацијата. Ова го направивме со појасно изразување на фундаменталнаат сина боја која е визуелно „подостапна“ во нашата апликација и дава посилен контраст на буквата F за да се истакне“, објави Мета.
Иако промените се суптилни, сепак има смисла Meta да го освежи логото на Facebook наместо целосно да го редизајнира. Од компанијата велат дека социјалната мрежа дневно има две милијарди активни корисници, што значи дека секоја визуелна промена ќе ја видат многу луѓе. Затоа, разбирливо е дека meta избира релативно мали промени на едно од најпрепознатливите логоа.
Meta го промени и изгледот на фонтот што се користи за пишување на името на социјалната мрежа, а користен е прилагодениот фонт, Facebook Sans. Тука е и новата палета на бои во која доминираат сините нијанси, а изменет е и изгледот на емотиконот Reactions.
Од компанијата велат дека ова е само првата фаза од освежувањето на идентитетот на Facebook.