Промената на дизајнот на Pro моделите од iPhone 15 серијата ги намалува трошоците за поправка до повеќе од 300 долари (во САД) во споредба со претходната генерација. Ова е можно поради новата структура на рамката која овозможува лесна замена на задното стакло.
Замената на стаклото на iPhone 14 Pro чини 499 долари, а на iPhone 14 Pro Max 549 долари. Наспроти ова, истата поправка на iPhone 15 Pro ќе чини 169 долари, а на iPhone 15 Pro Max ќе чини 199 долари.
Секако, цените се уште пониски во случај AppleCare+ осигурувањето, поточно 29 долари, без разлика на моделот. Новата промена во структурата дефинитивно води до поголема ефикасност на процесот и помали трошоци за потрошувачите, што е добредојдено во позадината на традиционално високите цени за поправка на iPhone уредите.