Новообјавеното тизер видео за претстојната серија паметни телефони Pixel 8 открива некои нови функционалности на камерите на уредите. Ова ја вклучува и опцијата Magic Editor, која претставува подобрена верзија на Magic Eraser. Со неа, можете да ги уредувате фотографите на различни начини.
Magic Editor може да преместува луѓе, да отстранува предмети од позадина и да го замени небото. Има и ажурирани опции за рачно прилагодување на поставките, што додава повеќе опции. Станува збор на брзината на блендата, ISO и фокусот.
Инаку, интересно е да се дознае дека Pixel 8 Pro ќе има подобрена камера со сензор од 48MP и леќа со видно поле од 125,5 степени. Ќе има и сензор од 48 MP со телефото објектив и 50 MP широкоаголен. Pixel 8 ќе добие 12 MP со оптика со ултраширок агол за видно поле од 125,8 степени.
Официјалната премиера на новата серија е закажана за 4 октомври, а двата модела се очекува да бидат поскапи во Европа. Pro моделот ќе има 6,7-инчен LTPO OLED дисплеј со QHD+ резолуција и стапка на освежување од 120 Hz. Ќе го покренува претставениот Tensor G3 чипсет поврзан со до 12 GB RAM и до 256 GB внатрешна меморија. Од друга страна, Pixel 8 ќе го има истиот чип, но ќе има помал дисплеј од 6,17 инчи.