Компанијата Lego се откажа од плановите да прави коцки од рециклирани пластични шишиња со цел да ги намали емисиите на јаглерод.
Lego објави во 2021 година дека сака да произведе коцки кои не содржат сурова нафта во рок од две години, но пристигнаа лоши вести. Компанијата се огласи и наведе дека употребата на новиот материјал не ги намалила емисиите на јаглерод.
Сепак, од компанијата велат дека остануваат целосно посветени на производството на коцки од одржливи материјали.
Во моментов, многу лего коцки се направени од акрилонитрил бутадиен стирен (АБС), чиста пластика направена од сурова нафта.
Новата одлука на Lego се смета за назадување по силниот притисок да биде „позелен“. Како и многу други компании, Lego истражува алтернативни материјали за да ја замени пластиката бидејќи одржливоста станува сè поважна за клиентите. Еден од предизвиците е да се најде материјал доволно издржлив за да трае со генерации. Во 2021 година Lego разви прототип на коцка направена од ПЕТ шишиња со употреба на некои други материјали, а тоа даде надеж дека материјалот може да биде алтернатива на нафтата. Сепак, компанијата откри дека по две години тестирање, било откриено дека употребата на рециклиран полиетилен терефталат (ПЕТ) не ги намалува емисиите на јаглерод. Причината за тоа е потребата од дополнителни чекори во производствениот процес, што значи користење на повеќе енергија.
Затоа, Lego одлучи да не продолжи со производство на коцки од овој материјал, но моментално тестира и развива коцкии направени од „палета на алтернативни одржливи материјали“.
Извршниот директор на компанијата, Нилс Кристиансен, изјави за Financial Times дека не постои „магичен материјал“ кој ќе ги реши предизвиците за одржливост на компанијата.
„Ние тестиравме стотици материјали, едноставно не е можно да се направи таков материјал“, рече тој.
Сепак, портпаролот на компанијата изјави за BBC дека Lego е посветен на правење коцки од одржливи материјали и инвестира повеќе од 1,2 милијарди долари во иницијативи за одржливост во период од четири години, што е дел од промената кон поодржливи материјали за намалување на емисиите на јаглерод за 37% до 2032 година.