Во последните недели дознавме дека Samsung подготвува нова колекција на FE (Fan Edition) уреди, а за некои од нив научивме и одредени детали. Додека го чекаме официјалното претставување на уредите, на аргентинската страница на Samsung се појави страница наменета за Galaxy Buds FE, на која е поставена фотографија, на која се прикажани сите очекувани уреди заедно со Galaxy S23 FE и Galaxy Tab S9 FE.
Официјалната премиера на новата серија би можела да се одржи на 4 октомври – овој датум е прикажан на една од фотографиите на страницата за Galaxy Buds FE. Очекуваме Galaxy S23 FE да понуди тројна примарна камера со главен сензор од 50 MP, телефото објектив од 12 MP и ултраширок објектив од 8 MP.
Од предната страна, може да биде поставена камера од 10 MP. Другите очекувани спецификации вклучуваат 6,4-инчен 120Hz FullHD+ Dynamic AMOLED дисплеј, 6GB/8GB RAM, 128GB/256GB простор за складирање фајлови и батерија од 4500mAh. Во зависност од регионот, Galaxy S23 FE ќе се продава со Snapdragon 8 Gen 122000 и Exynos чипсети.