Според податоците објавени на веб-страницата на EUIPO (European Union Intellectual Property Office), компанијата Vivo ќе пласира два нови паметни телефони со механизам за преклопување.
Vivo моментно има стандарден смартфон на преклопување наречен X Fold2, како и вертикален преклопен модел наречен X Flip. Со оглед на фактот дека станува збор за флегшип модели, сосема е можно идните V Flip и S Flip модели да се всушност телефони од средна класа.
Motorols неодамна го претстави дуото Razr 40, а основниот модел е телефон на преклоп со прифатлива цена. Samsung наводно размислува да направи подостапни телефони на преклопување.
Пазарот на преклопни уреди сè повеќе созрева, технологијата на преклопниот екран е поевтина, така што не е изненадување што доаѓаат подостапни флексибилни уреди на преклопување.