Компанијата Google објави дека ќе престане да ја одржува основната HTML верзија на својата услуга за е-пошта почнувајќи од јануари 2024 година.
Одлуката е објавена на веб-страницата на компанијата за корисничка поддршка.
„Основната HTML верзија на Gmail е претходната верзија која беше заменета со помодерни наследници пред повеќе од 10 години и денес не дозволува користење на сите опции и функции на Gmail“, велат од Google за порталот The Register.
Одлуката на американскиот интернет гигант ја осудија слепите и слабовидни корисници, кои претпочитаат да ја користат HTML верзијата на Gmail поради нејзината едноставност. Тие се пожалија и дека основната верзија на популарниот сервис за е-пошта е потешко да се најде во последно време отколку порано.
Google претходно затвори некои од своите услуги (Google Reader, Wave, Google Code…). Сепак, некои од нив беа вратени откако корисниците протестираа за нивното отстранување.
Така, на пример, G Suite беше ставен на чекање откако корисниците го предупредија Google дека им беше ветено дека услугата ќе биде засекогаш достапна.