Компаниите Huawei и Porsche Design соработуваа на специјална Mate серија мобилни телефони и паметни часовници, а тоа партнерство заврши со минатогодишниот модел Mate 50 RS Porsche Edition. Сега Huawei влегува во нова фаза со својата линија Ultimate Design, а првиот уред од новата премиум линија е Mate 60 RS Ultimate Design.
Гледајќи ги спецификациите, Mate 60 RS Ultimate Edition е идентичен со моделот Mate 60 Pro+, има 6,82-инчен LTPO OLED екран, Kirin 9000 процесор, главна камера од 48 мегапиксели, ултраширока камера од 40 мегапиксели и перископ телефото камера од 48 мегапиксели, додека од предната страна има селфи камера од 13 MP и ToF 3D сензор за длабочина и биометрија. Уредот се напојува од батерија од 5.000 mAh.
Сепак, визуелните промени се очигледни, Mate 60 RS Ultra доби керамички заден панел и осмоаголен модул за камера, а можете да избирате помеѓу црвената и црната боја со завршна обработка во два тона.
Компанијата нуди и ексклузивни бесплатни едногодишни привилегии за сопствениците на банкарски картички на Huawei, а тие вклучуваат ВИП салони на аеродромите и железничките станици, осигурување за доцнење на летот, правни консултации и часови за возење. Huawei нуди и ексклузивни заштитни маски Star Diamond во црна и црвена боја, кои ги красат предната и задната страна на Mate 60 RS Ultimate.
Huawei Mate 60 RS Ultimate Design е достапен во црна и црвена боја и по цена од 1641 долар за конфогурација 16/512 GB, односно 1.778 здолари за конфигурацијата 16 GB/1 TB. Продажбата во Кина почнува наскоро.