Присуството на перископ објективи во камерите на паметните телефони додава доста корисна способност за постигнување поголем оптички зум. На овој начин можете да се приближите до далечните објекти без да изгубите од квалитетот на фотографијата.
Голем број компании го користат ова решение во нивните премиум флегшип модели, а оваа година дури и Apple го примени овој систем кај iPhone 15 Pro Max. Се чини дека компанијата Realme исто така размислува да ја воведе оваа функција во својот иден модел.
Ова го навестува фотографијата споделена од компанијата на социјалната мрежа X. На неа го гледаме модулот за главната камера, кој има правоаголен отвор што е типичен за перископ леќите. Дополнително, додаден е и натписот „Не може да зумира само Max“, што очигледно е задевање на најмоќниот паметен телефон на Apple.
This light will shine on realme. Just wait… pic.twitter.com/EdpmH2uOua
— realme Global (@realmeglobal) September 21, 2023