Nuvilab од Јужна Кореја е победеник на FoodTech StartUp натпреварот за 2023 година
Ровињ, септември 2023 – Во рамки на Weekend.16 доделени се награди за најуспешните натпреварувачи на популарниот FoodTech StartUp натпревар, а овогодишен победник е Nuvilab од Јужна Кореја. Станува збор за натпревар за стартапи чија цел е пронаоѓање на нови таленти и креативни идеи и поддршка науспешни потенцијали во светот на прехранбената и угостителската индустрија, додека најголемиот фокус е насочен кон осмислување на долгорочни решенија кои ќе помогнат за совладување на современите предизвици во глобалната гастрономска заедница. Зад овој сјаен проект стојат Maistra Hospitality Group, Infobip, Kaufland и агенцијата Pepermint.
„Како што нашата компанија почна да расте, сакавме да се прошириме глобално. Така дојдовме на овој натпревар и сфативме дека тоа би била одлична прилика за понатамошен развој на нашата фирма и за проширување на европскиот пазар“, истакна Ајден Ли, global business development manager во Nuvilab, нагласувајќи ја причината поради кој се пријавиле на FoodTech StartUp Competition.
Победничкото решенина на Nuvilab ја следи иновативноста, одржливоста и користењето на напредна технологија, а станува збор за производ кој содржи камери и скенери со помош на кои ги анализира остатоците од храна на чиниите, додека AI ги обработува собраните податоци и дава совети како да се намали food waste.
Новост на вториот по ред FoodTech StartUp натпревар е што оваа година прогласија уште еден победник поради големиот интерес на малите и регионални иноватори. Победник во новата категорија retail е Ruralina, стартап од Сплит, чие дигитално решение нуди едноставна интерација меѓу луѓето, производителите и организациите, овозожувајќи им на малите добавувачи да се разлијат преку нивната платформа.
„Навистина сме горди што веќе втора година се одржува FoodTech StarUp Competition. На натпреварот се пријавија стартапи од Хрватска, Босна и Херцеговина, Словенија и Србија, од нашиот регион, меѓутоа имавме и стартапи од Италија, Индија, Јужна Кореја, САД па дури и од Хаити. Нашиот обем веќе не е само регионот, туку ние кога имаме нешто интересно постигнуваме глобален reach и тоа е нешто фантастично. Исто така, оваа година имавме вистински предизвик при избирањето на победник бидејќи не воодушевија многубројните иновативни решенија“, истакна Тина Лупиери.
Овогодинешното издание на FoodTech StartUp натпреварот започна уште во мај на еден од водечките гурмански фестивали – Weekend Food. Такмичењето е наменето за стартапи чие дејствување припаѓа на една од седумте категории вклучително: Agriculture Tech, Food Science, Food Product i Health Coaching, Food & Hospitality services, Food Supply Chain & Retail, Food Delivery i Food Waste.
Концептот на FoodTech Startup Competition е развиен по примет на глобалните трендови, а главната цел е да се понуди едноставна дигитална платформа за новите, перспективни играчи на кулинарската сцена и пробивање на светскиот пазар.
По доделувањето на наградите, беше најавено и новото, трето издание на Weekend Food Festivala кој ќе се одржи од 19 до 21 април 2024 година во Ровињ, поради кој овој шармантен град повторно ќе стане седиште на светски познати шефови, угостители и на сите кои работат со храна, како и извор на сензационални мириси и вкусови.
Повеќе детали за FoodTech натпреварот можете да пронајдете на тука.