Еден од актуелните проблеми на новиот смартфон на Apple, прегревањето на iPhone 15 Pro наводно е предизвикан од компромиси во дизајнот и нема никаква врска со неговиот A17 Pro чип
Еден од проблемите што ја придружува новата серија телефони на Apple, односно прегревањето на iPhone 15 Pro нема никаква врска со неговиот 3 нанометарски A17 Pro чип, туку е предизвикан од компромиси во дизајнот, односно во термичкиот систем. Ова го тврди аналитичарот Минг Чи Куо во својот нов текст, осврнувајќи се пред се на компромисите што ги направи Apple за да се префрли на титаниум наместо на нерѓосувачки челик во новата серија телефони.
A17 Pro чипот што го напојува iPhone 15 Pro е првиот процесор на Apple од 3 нанометри направен од тајванската TSMC. Токму поради тоа што се работи за првиот ваков чип, се проширија шпекулации дека новата технологија од 3 nm е виновна за проблемите со прегревање на споменатиот телефон. Куо, пак, вели дека проблемот е поради промените кои Apple ги направил во дизајнот на термичкиот систем за да постигне помала тежина на уредот во однос на претходните модели.
На тој начин, прегревањето на iPhone 15 Pro има свои основни причини во намалената површина на дисипација на топлина и употребата на титаниумска рамка, што негативно влијае на термичката ефикасност, објаснува Куо.
Тој понатаму тврди дека Apple ќе може да ги реши овие проблеми преку софтверски ажурирања. Имајќи го тоа на ум, компанијата ќе се бори да направи подобрувања без да ги загрози перформансите на чипот. Сепак, подобрувањата може да бидат ограничени освен ако Apple не ги намали перформансите на процесорот.
Доколку компанијата правилно не го реши правилно овој проблем, тоа може негативно да влијае на испораките за време на „животниот циклус“ на iPhone 15 уредите.