Новиот оперативниот систем на Apple, macOS Sonoma има Game Mode, во кој CPU и GPU перформансите добиваат приоритет за гејминг на Mac компјутерите и кој лесно можете да го вклучите
Во macOS Sonoma, надградениот оперативен систем за Mac, новата Game Mode функција им дава приоритет на перформансите на процесорот и графиката за гејминг на Mac и лесно можете да ја вклучите. Apple оваа недрела објави водич што дава повеќе информации за тоа како да го користите, а го пренесуваме во продолжение.
Режимот на игра односно Game Model го оптимизира гејминг искуството со тоа што на вашата игра ѝ дава најприоритетен пристап до процесорот и графичкиот процесор, намалувајќи ја нивната употреба за задачи во позадина. Дополнително, овој режим ја удвојува брзината на Bluetooth, што го намалува влезното и аудио доцнење за безжичните додатоци како што се контролерите за игри и AirPods.
Режимот на игра, сепак, нема да работи со чиповите на Intel, бидејќи бара Mac со Apple процесори.
Доколку сте ги исполниле барањата за нови игри на Mac, прочитајте ги упатствата за вклучување на Game Mode подолу. Режимот на игра автоматски ќе се вклучи кога ќе ги користите овие чекори за прикажување на играта на цел екран:
- Поместете го курсорот над зелениот круг во горниот лев агол на прозорецот на играта
- Потоа одете на Enter Full Screen во менито што се појавува
Кога на овој начин ќе влезете на цел екран, поставките за Game Mode се појавуваат во лентата со мени, која потоа треба автоматски да се вклучи. Можете да го користите ова мени и за да проверите дали Game Mode е вклучен за вашата игра, и ако е вклучен дали сакате да го исклучите: кликнете на „Turn Game Mode: Off“. Game Mode во macOS Sonoma исто така автоматски ќе се исклучи кога ќе престанете да ја гледате играта во режим на цел екран, а можете и сами да го исклучите додека играта е сеуште во режим на цел екран.