EA Sports го отстрани речиси целиот каталог на видео-игри на FIFA од дигиталните продавници.
Повеќето видео игри на FIFA се отстранети од сите дигитални продавници, вклучувајќи ги Steam, Epic Games Store, PlayStation Store, Microsoft Store и Nintendo eShop.
Оваа „чистка“ ги вклучува сите главни наслови од FIFA 14 до FIFA 23, од кои последната беше објавена минатата година. Сепак, изгледа дека FIFA 22 и FIFA 23 сè уште можат да се играат на EA Play, за што е потребна претплата.
Ако отидете на официјалната веб-страница на FIFA 23, ќе видите известување дека видео играта сега е достапна на EA Play, но кога ќе кликнете за да отидете и да ја купите од една од дигиталните продавници, ќе добиете празна страница.
Во меѓувреме, Steam објави известување за отстранување, но не и причините за овој потег.
„На барање на издавачот, EA SPORTS FIFA 23 не е наведен во продавницата на Steam и нема да се појави во пребарувањето“, се вели во соопштението.
ЕА се раздели со франшизата на FIFA во 2022 година, и како резултат на тоа, FIFA 23 е последен во серијата титули означени со ФИФА по 30 години соработка. Во иднина, фудбалските игри на овој креатор ќе се викаат EA Sports FC.