Остануваат уште околу четири месеци до објавувањето на идната Galaxy S24 серија на Samsung. Сепак, тоа не е пречка да се појавуваат голем број гласини за уредите, а сега се појавија и наводни фотографии од основниотмодел во линијата, истоимениот Galaxy S24.
Смартфонот има рамна странична рамка, што е главната видлива промена во дизајнот. Од предната страна гледаме екран со тенки странични рамки и отвор за селфи камера.
Уредот ќе има димензии 147 x 70,5 x 7,6 мм, што е споредливо со сегашниот модел (146,3 x 70,9 x 7,6 мм). Главната камера има ист изглед како Galaxy S23 со три посебни испакнатини на сензорите.
Се очекува моделот да понуди Exynos 2400 чипсет во Европа со 12 GB RAM и до 512 GB простор за складирање податоци. Покрај тоа, може да има 6,1-инчен LTPO OLED екран со фреквенција од 120 херци и максимална осветленост од 2500 нита.
Се чини дека главната камера ќе има главен сензор од 50 MP, ултраширок објектив од 12 MP и телефото објектив од 10 MP за 3x оптички зум. Уредот може да понуди и батерија со капацитет од 4000 mAh и полнење до 25 вати.