Компанијата Valve ја претстави Counter-Strike 2, игра која долго време се шпекулираше и која беше најавена уште во март, а сега конечно ја замени Counter-Strike: Global Offensive како потполно бесплатна надградба.
По многу шпекулации и неколку најави, Valve конечно ја лансираше Counter-Strike 2. Играта, објавена како бесплатна надградба на Counter-Strike: Global Offensive, користи engine на Source 2 на Valve кој носи поостри текстури, поверодостојно осветлување и нова геометрија на предметите.
Од Valve велат дека ги делат мапите во три категории, дека димните бомби изгледаат пореалистично, а вклучен е и нов систем за рангирање на играчи.
Исто така, тука е и еден нов „achievement“ – A New Beginning, но во суштина, изгледа дека овој пат креаторите се одлучиле за повеќе козметички измени.
Серверите сега побрзо ќе ги обработуваат дејствата на играчите (sub-tick updates), што значи дека тие ќе се ажурираат помеѓу главните ажурирања (64Hz). Ова, барем во теорија, треба да ја направи играта многу пореспонзивна.
И додека многу фанови на култната игра се задоволни од промените што ги донесе CS2, некои на Reddit изразија незадоволство од елементите што недостасуваат во играта (Train и Cache мапи, War Games и Arms Race режими, можност за носење оружје со левата страна рака, итн.).
Valve најави дека некои од споменатите багови наскоро ќе бидат поправени.