А1 Македонија со гордост го објавува лансирањето на најновата активност како дел од програмата „За Подобар Свет“ и го промовира еко проектот Digi-Tree, којима за цел да ги поттикне дигиталните активности од страна на корисницитена А1 и со тоа да даде придонес кон подобрување на животната средина.
Со проектот Digi-Tree секој приватен постпејд корисник на апликацијата Мојот А1 има можност да порасне свое дигитално дрво, а за возврат А1 Македонија ќе засади природно дрво на локации низ целата земја. Kолку повеќе дигитални активности од страна на корисникот ќе бидат регистрирани, толку побргу дигиталното дрво ќе порасне.
“Проектот Digi – Tree е визионерска иницијатива насочена кон решавање на критично еколошко прашање кое е резултат на губењето на шумската маса и заедно со нашите корисници преку пошумување сакаме да придонесеме за зелена и здрава животна средина. Проектот користи иновативна технологија преку која на забавен начин корисниците ќе можат да го следат пополнувањето на своето дрво во текот на целиот циклус. Ги повикувам сите корисници на пост пејд услугите и на Мојот А1 заедно да ја спроведеме оваа значајна активност и да го отвориме патот за еколошки свесен свет”, изјави Методија Мирчев, Извршен директор на А1 Македонија.
Digi Tree, односно дигиталното дрво расте со одреден процент преку секое извршување наследните активности и тоа: со Онлајнсклучување или обнована договор дрвото расне за 20%, со активирање на eSIM картичка20%, со враќање на стар телефон за рециклирање во А1 салон10%, со онлајн плаќање на месечна сметка 5% и со онлајн надополнување припејд кредит од постпејд број 5%. Сите пораснати дигитални дрва, А1 ќе ги засади на локации каде што е потребно пошумување.
Повеќе детали можете да најдете на www.a1.mk