Панелот на Швајцарската академија на науки се огласи за драматичното забрзување на топењето на глечерите во ова алпска земја, која изгубила десет проценти од својот мраз во само две години, по големите летни горештини и малите количини на снег во текот на зимата.
Во Швајцарија, каде има околу 1.400 глечери, најмногу во однос на било која друга земја во Европа, во текот на 2023-та година исчезнале 4 проценти од вкупниот волумен на ледниците, што е втор најголем пад во една година, покрај намалувањето на капацитетот на ледниците од шест проценти во 2022-ра година, соопштила Академската комисија за набљудување на криосферата.
„Забрзувањето на топењето е драматично, со оглед на тоа дека за две години е изгубено исто мраз како и меѓу 1960-та и 1990-та година“, наведуваат од академската комисија.
Тимот од експерти тврди дека „огромната загуба на мраз“ е предизвикана од благи зими со многу мали количини на снег, кој паѓа на врвот на глечерите и ги заштитува од изложување на директна сончева светлина.
„Топење од неколку метри мраз е измерено во јужен Валаис и долината Енгадин на надморска висина од 3.200 метри, каде глечерите до неодамна ја одржуваа својата рамнотежа“, соопштила комисијата.