Откако пристигна во рацете на првите клиенти, iPhone 15 во сите негови верзии се покажа како „жешка роба“, како поради одличните продажни резултати, така и поради повременото претерано загревање на уредот.
Веќе во првите денови по лансирањето на пазарот, iPhone 15 моделите покажаа необично однесување. Најпрвин, се појавија проблеми за корисниците при пренос на податоци од старите мобилни телефони на нови, кои Apple набрзина ги закрпи со iOS верзија 17.0.2. Меѓутоа, тогаш клиентите почнаа да забележуваат дека во одредени ситуации, смартфоните од оваа линија (iPhone 15, 15 Plus, 15 Pro и 15 Pro Max) повремено се прегреваат, до тој степен што е непријатно да се држат во рака. Слични проблеми беа потврдени од некои од рецензентите на уредите.
Прегревањето настануваше во ситуации на полнење, нормална употреба, интензивна употреба или за време на одмор – тоа е непредвидливо, а понекогаш и многу интензивно, толку многу што уредот го известува корисникот на екранот дека поради прегревање, ќе мора да прекине некоја акција , на пример полнење на батеријата. Беше измерено дека уредите можат да се загреат до повеќе од 40°C. Некои се посомневаа дека уредите од новата генерација имаат помалку ладилници за да бидат полесни, а дека за тоа придонесува и титаниумската рамка на Pro линијата. Именот, титаниумот не е толку добар спроводник на топлина како челикот или алуминиумот, па некои и во него ги пронајдоа причините за прегревање.
This is insane. The iPhone 15 Pro can reach temperatures of up to 48 degrees. Apple fire dragon 😂😂 pic.twitter.com/VJUqPusPf7
— Revegnus (@Tech_Reve) September 19, 2023
На Apple му требаше речиси една недела јавно да се изјасни по ова прашање, а викендов потврди дека е запознат за проблемот, дека тој постои и дека наскоро ќе биде решен – со софтверска надградба.
Својот официјален став компанијата го објави за Forbes: „Идентификувавме некои услови кои можат да предизвикаат iPhone да работи потоплo од очекуваното. Уредот може да изгледа потопол во првите денови по поставувањето, поради зголемената активност во позадина“, велат од компанијата и потврдуваат дека постои дополнителен проблем: „Најдовме грешка во iOS 17 што влијае на некои корисници и ќе биде поправена со надградба на софтверот. Друг проблем вклучува некои неодамнешни ажурирања на надворешни апликации, кои предизвикуваат преоптоварување на системот. Работиме со програмерите на тие апликации на надградби кои се веќе во процес на објавување“, заклучуваат тие.
Од надворешните проблематични апликации беа идентификувани апликациите Instagram и Uber. Корисниците, веќе се посомневаа и дека Apple ќе мора да ја намали брзината на тактот на процесорот со ажурирање на софтверот за да го ублажи прекумерното загревање, но од компанијата велат дека тоа нема да се случи . Затоа, очекуваме нова надградба за iOS 17 во наредните денови.