Секоја година, Европската недела на мобилност се фокусира на различни аспекти, ова година се фокусира на тема “Штеди енергија” на пет тематски области – 1) јавен транспорт, 2) активна мобилност, 3) минимизирање на зависноста од автомобилот, 4) управување со мобилност и 5) инфраструктурни решенија.
Гоу Грин Скопје ја одбележа Европската недела на мобилност, со локални младински екоакции проследени со видеа снимени токму каде што младите екоактивисти увидоа проблем и предложија решенија кои беа доставени до Општините. Линк до сите три барања.
Локалните акции беа спроведени во Скопје, Прилеп и Гостивар, додека акцијата во Куманово е во тек, заедно со членовите и екоактивистите на Гоу Грин Скопје.
Во Скопје младите еко-активисти со акција на бул. Трета македонска бригада “сенки за микромобилност“ го адресираа проблемот со недостаток на дрвја и природни сенки, кои пак резултираат со високи температури односно недоволни услови за младите од 8 училишта долж булеварот. Нивното барање е создавање подобри услови за микромобилност (пеш, тротинет, велосипед) да има повеќе дрвја и природни сенки. (Линк до видеото)
Во Прилеп младите еко-активисти со акција на ул. Прилепски бранители “црвен тепих“ застапуваа решавање на недостаток на велосипедски патеки. Решението според нив e подобрување на вело-инфраструктурата со предлог активности за нејзино подобрување (ниски тротоари, хоризонтална и вертикална сигнализација и сл) со тоа ќе им се овозможат подобри услови на ѓрананите за одржлив транспорт. (Линк до видеото)
Во Гостивар младите еко-активисти со акција на ул. Живко Брајковски “Тука сакаме 🚲 вело патека” исто така лоцираа улица на која им треба и сметаат дека е неопходно да се постави велосипедска патека. (Линк до видеото)
Во Куманово локалната еко-акција е во тек, младите еко-активисти до крајот на месец октомври ќе достават барање до општината и ќе ја спроведат локалната акција.
Вклучувањето на младите во локални акции е особено значајно затоа што го подобрува разбирањето на младите за граѓанските процеси,промовира информирано донесување одлуки и поттикнува одговорно граѓанство. Но, исто така ангажирањето на младите во локални акции дава чувство на припадност на заедницата, а тоа ги охрабрува активно да инвестираат во околината каде живеаат.
Здружението Гоу Грин активно собира барања и/или идеи од младите за одржлив транспорт на следниот линк:https://forms.gle/mTWY5vwZrUh2yGWT
Активностите се дел од проектот “Младите за климатска акција и одржлив транспорт” во рамки на проектот „ГОи во акција за климатските промени“ спроведуван од Еко-свест, МЗМП и CVNP поддржан од Владата на Шведска.
Младите за #климатскаакција и #одржливтранспорт.