Завчера во скопскиот Градски парк се случи несекојдневна музичка забава. Повод за овој настан беше 150-тиот роденден на најпознатото светско пиво – Heineken. Градскиот парк беше претворен во најголемиот клуб под отворено небо, каде свои настапи имаа 150 диџеи, од нашата и интернационалната клупска сцена, кои на 5 сцени креираа незаборавно музичко доживување кое долго време ќе се раскажува.
Heineken како бренд со традиција и богато наследство, уште еднаш ја покажа својата моќ дека може да собере и обедини над 20.000 луѓе на едно место, и да инспирира убави и незаборавни моменти.
„Destination Good Times“ беше местото каде Heineken ги спои најдобрите локални диџеи, почнувајќи од пионери и основоположници на електронската музика и клупската сцена, па сѐ до нови и млади имиња од новиот бран изведувачи. На две сцени Скопје Винил Конвенција го привлече вниманието на оние кои сакаат хип хоп ритам, скречување, а љубителите на винили можеа да одберат нова плоча на штандовите на винили. На третата сцена „Пикник во паркче“ на Кино Карпош настапија диџеи каде присутните уживаа со техно и хаус музика. Вечерта воодушевија аудио, визуелните ефекти и одличната електронска музика изведени на сцената на Терапија.мк. Посебно изненадување беше т.н. silent disco, каде многумина уживаа индивидуално во миксовите на преку 30 диџеи.
Сите заедно приредија фантастична 13 часовна музичка забава, комбинирана со неверојатни визуелни видео проекции, кои предизвикаа експлозија на емоции кај присутните, и моменти вредни за споделување.
Да се биде овој ден во овој дел од скопскиот Градски парк беше вистинско уживање. Благодарение на Heineken и јубилејот 150 години бевме сведоци на најголемиот DJ line-up досега организиран во нашата земја.
Особено импресивна беше организацијата. Дизајнирани и автентични диџеј сцени, интересни штандови, уникатно дизајниран простор, врвно видео и ласер доживување и секако одличен избор на диџеи кои го покажаа квалитетот на нашата клупска сцена. Честитки за Пивара Скопје и маркетинг агенцијата Публицис кои се погрижија за севкупната изведба на настанот.
Heineken уште еднаш покажа зошто е толку посакуван и респектабилен бренд, и е неизоставен дел од музичката и клупската сцена во светот. Ќе завршиме со наративот на роденденска Heineken кампања: Не е важно како го пиеш или нарекуваш, важно е да се забавуваш и да си поминуваш убаво.
Повеќе информации за сите активности можете да прочитате на официјалниот профил на Instagram на овој линк.