Microsoft Lists досега беше ограничена само на деловни корисници, а отсега секој ќе може да се регистрира и да ја користи оваа апликација
На официјалната веб-страница на Microsoft, пред неколку дена беше објавено дека оваа апликација сега е достапна за сите корисници кои имаат сметка на Microsoft.
Лансиран уште во 2020 година, Microsoft Lists беше наменет само за деловните корисници со претплата на Microsoft 365. Сега ќе биде достапен за сите кои имаат сметка на Microsoft, на веб, iOS и Android, пренесува The Verge.
Апликацијата нуди создавање, управување и споделување листи на повеќе уреди, заедно со готови шаблони за задачи како што се следење трошоци, создавање рецепти, идеи за подароци итн. Списоците може да се споделат со колегите, пријателите и семејството, со намера дека што е можно повеќе луѓе придонесуваат при изработката на листата
Главните карактеристики на оваа апликација се:
- Коавторство – можност за споделување листи со тимот со можност за прегледување и уредување
- Готови шаблони – постојат готови шаблони на кои може да се додадат слики и прилози
- Интуитивен интерфејс – брзо прегледување на листите со можност за подредување, групирање и филтрирање
- Подготвено за уредување – Лесно уредување на списокот
- Офлајн пристап – не е потребна интернет-врска за прегледување и уредување на документот
- Додавање прилози – можност за додавање фотографии, PDF-фајлови и видеа од вашиот уред или OneDrive
- Достапност – без разлика дали работите од дома, од канцеларија или во движење, списоците се лесни за пристап на мобилен, веб и десктоп
