Google денеска официјално ќе ја претстави својата нова Pixel 8 серија смартфони. Во меѓувреме се појавија и информации поврзани со можниот следен модел на компанијата со екран што се преклопува.
Се чини дека Google веќе работи на наследникот на Pixel Fold претставен претходно оваа година. Станува збор за Pixel Flip или Pixel Fold 2, а 9to5Google ја откри информацијата во кодот на новата верзија на апликацијата за Google Pixel Buds слушалките.
Се споменува кодното име Comet, кое не е дел од генерацијата Pixel 8, туку е наменето за посебна линија на флегшип уреди. Името е поврзано во кодот на Pixel Fold и ја има дефиницијата „fold“ во апликацијата.
Имајќи предвид дека Pixel Fold е стар само неколку месеци, не е јасно дали Comet е негов наследник или првиот Flip модел на компанијата.
Google го претстави својот прв преклопен смартфон Pixel Fold (ВИДЕО)